The Sounds of Colleagues е едноставна веб апликација која веројатно и немаше да постои да не беше пандемијата. Она што го овозможува е на звучниците дома да си пуштите звуци од преполна и активна канцеларија. Sound of Colleagues е дело на рекламната агенција Familjen и на Red Pipe Studios, агенција за брендирање на звук.
Има навистина доволен избор на звуци кои се комбинираат за совршената канцеларија. Од кафемат и принтер, па се до тастатури, телефони и дожд на прозорците. Секако изборот не може да биде комплетен без да бидат додадени и звуците на омиленото милениче во канцеларијата. Секој звук во канцеларијата е со сопствена јачина и се менува независно.
Пандемијата сериозно го промени начинот на кој луѓето работат. Сите компании чии вработени можат да работат од дома ги пратија вработените да работат од дома. Microsoft пред десетина дена објави дека дел од нивните вработени ќе можат постојано да работат од дома. Неодамна и Марк Закерберг објави дека вработените во Facebook во блиска иднина ќе работат од дома. Ова се однесува на работните позиции кои можат да работат од дома, другите како и до сега ќе продолжат да работат од канцеларии.
За искуството на македонските компании и нивната работа во овој период може да разгледате #РаботиОдДома.