Грешка во кодот? Facebook призна дека ги следи сите, дури и тие што немаат профил

Facebook официјално ја потврди забелешката на истражувачите од Универзитетот Лувен од Белгија, кои тврдат дека друштвената мрежа ги следи буквално сите, дури и тие корисници кои не ја користат мрежата. Facebook се вади дека станува збор за пропуст во кодот, кој овозможува праќање на интернет колачиња, дури и кога корисниците не се логирани на Facebook. Додава и дека ова следење не ги прекршиле европските закони за приватност.

„Истражувачите најдоа грешка во кодот која можеби испраќа интернет колачиња на некои корисници кога не се на Facebook. Ова не е наша намера – и веќе работиме на поправка на пропустот.“, Guardian ја пренесува изјавата на Ричард Ален, претставник на Facebook за Европа.

Компанијата го потврди и следењето на корисниците со плагините интегрирани во другите веб страни, иако истовремено објаснија дека поради разликата во примената на овие податоци сепак не може да се смета дека станува збор за класично следење. Колачињата кои ги користи Facebook, покрај персонализацијата и рекламите, помагаат и во безбедноста. Така благодарение на колачињата од мрежата знаат кога корисникот е логиран, па не е потребно постојано барање за логирање, а истовремено се користат и за известување до корисниците доколку некој се обиде да се логира од „непозната“ локација.

Сепак од Facebook не заборавија да потсетат дека нивната услуга е бесплатна, а единствен начин за заработка е од рекламите кои им ги прикажуваат на корисниците. Ова се однесува на „друштвените реклами“, за кои Европската комисија бара да биде понудена можност за отстранување за сите корисници, кои не сакаат да им бидат презентирани.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk