0 коментари 2 мин. читање 16 јануари, 2014

Blackphone вели дека е првиот телефон кој е отпорен на прислушувањата на NSA

Blackphone е нов телефон за ново време во кое приватноста полека станува мит. Телефонот доаѓа со PrivatOS, модифицирана верзија на Android, која обезбедува криптирани телефонски разговори, текстуални пораки, трансфер и зачувување на документи и видео разговори. Телефонот ќе ги подржува апликациите на Google, но ќе бидат преработени со зголемена безбедност.

Silent Circle и Geeksphone се двете компании кои стојат зад проектот, помеѓу креаторите е и Фил Зимерман, основачна Pretty Good Privacy (PGP), еден од првите стандарди за имејл заштита. Покрај г. Зимерман, на телефонот работат Џон Калас, ко-основачот на PGP inc, Родриго Силва Рамос, ко-основач на Geeksphone, и Мајк Јенке, директор на Silent Circle. Geeksphone е шпанскиот стартап кој во партнерство со Mozilla креираше телефони за Firefox OS, a Silent Circle пак е компанија која овозможува безбедна комуникација за мобилни уреди, десктоп и имејл.

Повеќе информации за телефонот ќе бидат на Mobile World Congress кој се одржува во Барселона од 24 февруари, кога и се очекува да започне претпродажбата на телефонот. Интересот за овој телефон би можел да биде навистина голем со оглед на тоа дека NSA покажа што се мисли за приватноста на корисниците.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top