Графенот ја предводи следната генерација на флексибилни уреди

во Хардвер

Напредокот со графенот ќе овозможи нова генерација на флексибилини електронски плочки. Samsung неодамна објави дека компанијата стигнала до најголемото откритие кога е во прашање графенот, поточно нов метод за производство на големи површини од еден кристал. Ова откритие може во иднина да овозможи индустриска и комерцијална примена на материјалот, чии можните придобивки на принтаната електроника ги презентира Gigaom.

ISORG и Plastic Logic се сензори чија идна верзија би можела да го замени скенерот. Комбинацијата на сензорите овозможува читање и испраќање на двете со „уред“ кој практично нема никаква дебелина. Иако примената за скенер паѓа прва на ум, сензорот може да регистрира и предмети кои се во негова близина, но не го допираат што отвора можност за 3Д-гестикулации како команди за паметните телефони и тоа речиси без дополнително додавање на тежина или зголемување на димензиите на телефонот.

(Сликите се преземени од GigaOm)

PST Sensors креираа температурни сензори кои се принтаат во кој било облик и можат да ја презентираат температурата на големи површината без формата да претставува проблем, но и отчитување на истата во одредени точки. Компанијата Printed Electronics пак пристапи на проблемот од друг агол, наместо креирање на различни флексибилни електронски плочки, тие ги испринтаа своите сензори директно на објектите. Така компанијата својот прв сензор го испринта на стаклено шише, што може да биде иднината за повеќе поскапи вина.

Бежичните прекинувачи од швајцарската компанија Algra можат да бидат поставени било каде бидејќи со помош на пиезоелектричен ефект уредот може самостојно да генерира доволна количина на енергија за да испрати бежичен сигнал. Недостигот од механички делови и не изложеноста не електрични напрегања прават овие прекинувачи да имаат долг век на траење.

Ова се само дел од постојните технологии кои ги користат флексибилните електронски плочки, со оглед на тоа дека технологијата е сеуште во зародиш без сомневање во иднина ќе видиме уште повеќе и поневеројатни проекти.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments