Американскиот Netflix ќе стрима популарни ТВ серии со 4K резолуција

во Веб, Свет

Американската интернет телевизија Netflix започна да стрима видеа со 4К-квалитет на слика. Одлуката можеби е помалку чудна со оглед на тоа дека декодерите во телевизорите не се вградени во постарите модели на 4К-телевизорите, јавува BBC. Иако најголем дел од корисниците не се технички подготвени за Ultra HD телевизија, сепак Netflix се одлучи да го надгради својот сервис за да биде подготвен на време. За почеток станува збор за неколку документарни филмови и втората сезона на хит серијата House of Cards.

Доколку и дел од поновите телевизори имаат H.265 декодер, проблемот со брзината на Интернет е сè уште најголемиот предизвик пред 4К-технологијата. Рид Хејстингс од Netflix проценува дека просечната брзина потребна за Ultra HD е 15,6 Mbps. Засега просечната брзина во светот која има навистина солидна инфраструктура е околу 7,6 Mbps, дури и во овај случај тоа значи дека единствено 15-20 отсто ќе имаат можност да гледаат 4К телевизија.

4К резолуцијата ќе биде една од технологиите кои ќе го потикнат развојот и напредокот на интернет телевизиите како Netflix или Hulu бидејќи проценката е дека во следните пет години 4К-содржините ќе бидат ексклузивни преку Интернет.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk