1 коментар 2 мин. читање 12 септември, 2016

Samsung и официјално го повлекува Note 7

Samsung и официјално најави дека ќе ги повлече новите Galaxy Note 7 уреди од пазарите на кои ги продава. Компанијата мора да го затвори пропустот со батеријата која е вистинска опасност за дел од корисниците. Note 7 е повлечен од 10 пазари, а компанијaта би можела да го затвори пропустот и да го врати во продавниците за 2 до 3 недели.

Samsung побара од сопствениците на Galaxy Note 7 веднаш да ги исклучат телефоните и да ги вратат во продавниците.

Советот и апелот доаѓаат откако се појавиjа повеќе приказни за незгоди предизвикани од експлозија на батеријата. За среќа, нема жртви на опасностите, иако еден корисник јави дека батеријата во целост го уништи неговото возило, а друг дека неговата хотелска соба се запали додека спиеше. Најголема жртва на несреќа е шест годишно момче од Њујорк кое е повредено од експлозија на телефонот. Телефонот се запалил додека детето си играло со него и го повредило, пожарот ги вклучил и алармите во домот.

„Мојот нов Note 7 се запали утрово додека спиев, беше приклучен и се полнеше. Телефонот е сосем уништен. Не можам ниту да ја отворам вратичката за SIM или SD картичката. Го користев оригиналниот полнач и кабел.“, вели Crushader на Reddit.

Федералната агенција за авијација од патницие во авионите ако станува збор за Galaxy Note 7, бара: веднаш да го исклучат телефонот; да не го вклучуваат или полнат телефонот; да не го чуваат телефонот во чекираниот багаж, јави Independent.

Од 19. август досега има 35 потврдени случаи на телефони кои се запалиле. Речиси сите случаи се додека батеријата се полнела.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top