Гораст и GG бараат поддршка oд заедницата за да го оживеат гејмингот во Македонија

во ИТ.МК

GG, највениот видео подкаст за гејмери направен од гејмери, стартува краудфандинг кампања со која се надева дека ќе собере доволно пари за опрема, и конечно да стартува нудејќи им вистинска гејминг емисија на заедницата, каква што немало во Македонија „уште од 1998-ма година“. Идејата е да се креира видео подкаст кој малку попрофесионално ќе се обработат сите нови видеоигри и последните случувања од гејминг турнирите кои полека се претвараат во вистински е-спорт со неверојатно големи парични награди.

„Дали DotA е подобра од LoL, колку е шансата да се падне добар ајтем во Diablo 3 после новиот пач, дали вреди да се потрошат 60.000 денари на нов компјутер, на кои делови од телото најмногу влијае седењето пред компјутер, дали од „компјутор“ паѓа коса, дали во Македонија доволно се вложува во Cyber Sport,…“

[youtube]CSHP0jP4PsE[/youtube]

GG беше поздравен од заедницата и ентузијастите како проект кој ќе ја промовира гејминг сцената во Македонија веднаш штом беше најавена во август минатата година. Но, сега идејата за видео подкастот се наоѓа пред вистински испит. Сега Гораст Цветковски, актер, гејмер и основач на GG, бара добиената поддршка да се материјализира преку краудфандинг кампања на македонскиот LetsFundIt.mk. LetsFundIt е локална краудфандинг платформа преку која корисниците можат да вложуваат пари во локални стартапи во кои веруваат.

Студио имаме, вели Гораст, но сега се бара од заедницата да вложи пари во потребниот хардвер и компјутери со кои ќе можат да прават рецензии и да се тестираат игрите. Кампањата која е стартувана на 1-ви април собра 4.050 денари од 7 вложувачи, но за да биде успешна GG и Гораст треба да соберат 180.000 денари во следниве 60 дена, ако не парите ќе им бидат вратат на вложувачите. За секој што ќе го поддржи проектот следат подароци зависно од колку вложиле, а доколку успее кампањата, емисијата ќе започне да се емитува два пати неделно преку Twitch TV.

(Ако имате прашања за GG или за Гораст, одговорите ќе ги најдете на форумот на It.com.mk)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
3 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
јоу
јоу
10 years ago

Што ќе и е на некоја телевизија некој да збори за Дота.

Dragan
Dragan
10 years ago
Reply to  јоу

Тоа е жалното. Поголемиот дел од државава сакаат да гледаат политички кампањи, лажни ветувања, депресивни вести и трагични турски серии.

Марио
Марио
10 years ago

Многу жално што ни една телевизија не е заинтересирана за ваков проект…