Што ако има креативен начин да се поправи велосипедизмот во Скопје, и било кој друг град? Radwende е апликација која навистина би можела да допринесе кон „позелено“ Скопје, посебно доколку градските власти се одлучат да го копираат потегот на Висбаден. Германскиот град неодамна беше прогласен за најлош град за велосипедисти во светот, и иако Скопје ја нема оваа ласкава титула, сепак ситуацијата со велосипедите и патеките не е баш најсјајна.
Тоа што го направија Германците е мапирање на рутите на сите велосипедисти со помош на Radwende, но истовремено следејќи ги движењата на велосипедистите, робот црта уметничко дело на мапата. Мапата шест месеци беше изложена во музеј каде сите можеа да забележат кои се критичните точки во градот кои треба да се поправат.
„Резултатите се достапни на јавноста на сајтот на Radwende од самиот почеток. Само што уметниците ова pобрзо го сфатија од политичарите – затоа добивме можност да ја направиме машинава во музеј“, вели креаторот на проектот Михаел Фолкмер.
Досега проектот траеше шест месеци, но креирањето на безбедна околина за велосипедистите е подолг процес во кој мора да бидат вклучени повеќе луѓе. Градските власти на пример би можеле да изградат по 1 километар велосипедски патеки за секои Х поминати километри, велат од Radwende за Fastcoexist, а со тоа велосипедистите колку повеќе возат би имале повеќе велосипедски патеки.
„Во моментот се фокусираме на Висбаден бидејќи ова е градот во кој живееме и работиме. Но би ни било мило доколку и другите градови се приклучат. Неколку градови веќе не контактираа, а зборуваме и со поголеми маркети за апликации кои можат да ја интегрираат апликацијата во својот екосистем“.
Доколку ви се чини дека токму ова е вистинското решение и за Скопје, тогаш можете да ја споделите идејата на профилите на луѓето кои ги избравте да се погрижат за овие работи во ваше име: советниците во општините, советниците во градското собрание, градоначалниците на општините и градоначалникот на Скопје. Кои за жал и покрај обидите нешто да се направи се чини дека барем засега немаат јасна идеја што треба да се направи.
[…] да го подобрат животот на граѓаните. Еден пример е германската општина Висбаден која шест месеци собираше податоци за локациите на […]