0 коментари 1 мин. читање

Google забрани препродажба или позајмување на Google Glass

Доколку имате еден од првите примероци на 1.500 долари вредните Glass, Google нема да ви дозволи истите да ги препродадете или да ги позајмите. Според Условите за користење, ако го позајмите или препродадете уредот без дозвола од Google, тогаш „Google го задржува правото да го деактивира уредот, и ниту вие, ниту неавторизираната личност ќе ги добие парите назад, поддршка за уредот и ќе се поништи гаранцијата“.

„Добродојдовте во новиот свет каде компаниите се сопственици на вашите уреди и откако ќе ви ги продадат“, пишува Wired. Според магазинот, корисниците не се сопственици ниту на софтверот кој го користат бидејќи според разните услови за користење, корисникот само го изнајмува тој софтвер. Ова важи за iPhone кои се делумно контролирани од Apple, ова важи и за друштвените мрежи, како и за сервисите во облак. Корисникот само го изнајмува тој простор на Веб се додека компанијата не реши поинаку.

Што се однесува на Glass очилата, Google знае кога очилата се користат од друг бидејќи уредите се регистрирани со Google профилот на корисникот. Во моментот лесно е да се држи око врз сите уреди бидејќи Google додели право да ги купат само на мал број програмери и корисници кои на друштвените мрежи под хаштагот #ifihadglass споделија најкреативно користење на уредите.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top