1 коментар 2 мин. читање

Дали Amazon го купи говорниот асистент Evi за свој паметен телефон?

Amazon го купи стартапот заслужен за развивање на Еvi, софтвер сличен на Siri и Google Voice Search, известува Techcrunch. Зделката чини 26 милиони долари, а засега двете компании одбиваат да коментираат за веродостојноста на податокот.

Веста за аквизицијата повторно ги разгори шпекулациите за Amazon телефон, но подеднакво веројатно е дека Amazon сака да креира личен шопинг асистент, кој ќе им помага на корисниците додека пребаруваат по продавницата. Пред Evi, Amazon се здоби и со текст-во-говор софтерот од Ivona Software, кој веќе се користи како говорен водич на Kindle Fire но интеграцијата на двата производи ќе направи уште поквалитетен асистент.

Сепак персонален асистент е подобро и поверојатно решeние, пред се бидејќи Amazon успеа да го пласира Kindle како евтин таблет компјутер, кога беа единствени на пазарот. Пазарот на паметни телефони пак е пренатрупан со евтини телефони. Уште поважно Amazon веќе е присутен и на Android и на iOS уредите преку своите апликации и нивна цел треба да биде максимизирање на времето кое корисниците го поминуваат на апликациите, анализира VеntureBeat.

Интересно е што целата аквизиција се одвиваше скриено, а медиумите дознаваат дури откако завршија преговорите. Evil ќе треба да препознава говор, но и неговото значење, а истотака да разбере што мисли корисиникот. Според крееаторите Evi е способна за ова, а покрај ова способна е и за учење. Покрај ова може да повлекува податоци од веб страни и да ги споделува со корисниците. Појавувањето на Evi беше контраверзно откако се појави речиси истовремено со Siri и за малку ќе беше отстранет од App Store, поради сличности со Sirи, сепак во последен момент Apple се премисли и дозволи простор за апликацијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top