Хактивистите побараа само 2.000 долари. Но, благодарение на нивната популарност, тие на Indiegogo собраа неверојатни 54.668 долари oд 1.309 корисници за да стартуваат сајт за вести посветени за хактивизмот и граѓанското новинарство.
Аnonymous вели дека сајтот ќе им служи на сите граѓани кои сакат да информираат на лице место преку стримови во живо или преку интеракција на друштвените мрежи. Вестите кои ќе бидат на сајтот може да се очекува да бидат исти како вестите кои Anonymous ги споделува на Twitter. Тоа се вести за хактивизам, за срушени сајтови на институциите кои хактивистите ги обвинуваат дека се против слободата на граѓаните и слободниот интернет, за активизам и протести ширум светот, како и за нивните операции кога нападаат некој сајт. Според Anonymous, вестите во мејнстрим медиумите често вредат да се споделуваат, но не и кога се зборува за „трачеви за политичари и познатите личности“.
YANPROMO from Your Anon News on Vimeo.