Eвропските Android корисници сега ќе можат да ги користат Google Voice Actions и на француски, италијански, германски, британскo англиски и шпански јазик.
Voice Actions се говорни команди со кои му кажувате на телефонот што да направи, пример да сврти број, да прати SMS, да отвори веб сајт, да даде дирекции од едно место до друго, да прикаже мапа од локација. Voice Actions се различни од гласовното пребарување, но се надополнуваат нудејќи говорна комуникација со телефонот наместо да кликате копчиња.
Voice Actions е достапен за Android 2.2 или понова верзија. Апликацијата може да се симне од Android Market.
Добивај известувања
Најава
0 Коментари
Најнови







