0 коментари 2 мин. читање 19 септември, 2011

Facebook ќе овозможи да твитате директно од вашиот профил

Facebook минатата недела ја претстави опцијата Subsribe која ќе ви овозможи да следите содржини споделени од други профили, вклучувајќи ги и оние кои не ви се пријатели. Како дел од оваа опција, која очигледно го копира моделот на Twitter, стои и дека наскоро ќе се појави и можност да се твита од вашиот Facebook профил. Додатокот е наведен на крајот од PDF документот кој ја објаснува новата опција Subscribe.

Кога ќе споделувате нешто на Facebook ќе ви се појави опција тоа да го споделите и на Twitter. Се разбира за да можете да го сторите ова, содржината која ја споделувате на Facebook мора да биде јавна. Па така сега не само што можете да следите содржини споделени од профили кои не ви се пријатели, и не само што вашите јавно споделени содржини можат да бидат следени од други, туку и вашиот Twitter профил ќе може да се поврзе со вашиот Facebook профил.

Можноста да се твита од Facebook е достапна на Facebook фан страниците веќе некое време. Оваа опција е корисна за сите оние брендови кои водат Facebook и Twitter профили, намалувајќи им ја работата на администраторите така што потребно е да споделат само на Facebook, додека истата содржина автоматски се споделува и на Twitter. Сега оваа опција ќе биде достапна и за индивидуалните профили.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top