0 коментари 1 мин. читање 19 март, 2013

И iOS апликацијата на WhatsApp ќе се наплаќа по 1 долар годишно

WhatsApp е една од популарните мобилни апликации за разменување на пораки низ која секојдневно поминуваат околу 17 милијарди пораки. Во моментот WhatsApp е бесплатна, но тоа ќе се промени наскоро и апликацијата ќе чини 1 долар/годишно.

За разлика од останатите апликации кои се наплаќаат по 0,99 долари засекогаш, претплатата на WhatsApp ќе биде на годишно ниво, и со тоа да ги зголеми приходите на компанијата и да биде на исто ниво со Android, Blackberry и Windows Phone корисниците кои мора да плаќаат по 1 долар за да го користат овој сервис.

Сепак, старите корисници ќе може да продолжат бесплатно да ја користат WhatsApp, и оваа промена ќе важи само за новите корисници. Исто така, не е познат датумот од кога ќе започне наплаќањето за користење на WhatsApp.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top