Вештачката интелегенција и облакот се иднината на Google. Токму ова се технологиите кои ќе ѝ помогнат на компанијата да се префрли од пребарувањето на попрофитабилна иднина, ова неодамна им го порача Сундар Пичај на инвеститорите, пренесува Verge.
Облакот не е новост за Google.
„Отсекогаш сме биле посветени на облакот, само што тоа беше интерно во Google. Но, бидејќи пораснавме и навистина созреавме во тоа како инвестираме во податочните центри, сега со оваа големина, можеме да размислуваме и на надворешни корисници.“
Ова се однесува на поголеми корисници кои имаат многу податоци и во моментов се корисници на AWS или на Azure облакот. Google, пак, би сакал со заработката од облакот да ја надмине заработката од рекламите. Причини за инвестиција во облакот и вештачката интелегенција, може да бидат и намалување на заработката од рекламите.
Слично како и со облакот Google подолго време инвестира и во вештачката интелегенција. Победата на AlphaGo над првакот во Go е изненадување за најголем дел од јавноста, но токму овие навидум незначајни успеси му носат голема предност на Google. Вештачката интелегенцијана Google освен што ќе ве победи во Go, може и да препознава содржина на слики или да понуди препораки за пребарување и видео.