Project Infinite е новитет на Dropbox, со кој се надеваат дека ќе успеат да се натпреваруваат со конкурентите. Функционалноста овозможува фајловите да бидат прикажани како да се зачувани локално, а всушност се складирани на серверите на Dropbox.
Од Dropbox велат дека Project Infinite треба да им помогне на компаниите чии алатки ги користат податоците на потрадиционален начин. Фајловите за кои корисниците ќе ја активираат оваа функционалност, ќе се синхронизираат локално, а за останатите фајлови до кои корисникот нема пристап ќе бидат прикажани во облакот.
Корисникот може да одбере да сними локална копија од фајлот. Сепак доколку нема доволно простор Project Infinite овозможува фајловите да бидат разгледувани како да се реална локална копија, со што овозможува работа и промена на фајловите директно во облакот.
Функционалноста доаѓа на барање на корисниците кои поради ограничениот простор локално, бараат можност за работа само на дел од податоците.
Project Infinite во моментов им е достапен на спонзорите на Dropbox, а најверојатно компанијата наскоро ќе ја овозможи функционалноста и за претплатниците.







