Google+ сега е достапен и за малолетните корисници

Google ќе дозволи малолетни корисници од 13 до 18 години да си отворат профил на друштвената мрежа Plus, која сега има над 90 милиони корисници. Тинејџерите се најактивни оналјн корисници кои сакаат да споделуваат информации со пријателите, вели Бредли Хоровитц.

За да им ја зачува приватноста на тинејџерите, Google+ ќе воведе неколку мерки. Пример, тинејџерите ќе добијат предупредување кога треба да споделат пост јавно или со „продолжените кругови“, ќе биде наместено по зададено (default) да може само луѓето во круговите на тинејџерите да комуницираат со нив или да им коментираат на постовите, и тонот на тинејџерите ќе бидат исклучен доколку странец, некој надвор од нивните кругови, ќе се приклучи на Hangout.

Дополнително, старуван е и Safety Center кој ќе им служи на родителите да направат преглед на содржината и профилите на тинејџерите пред тие да започнат да го користат сервисот. За жал, како македонски корисници ќе мора да знаете англиски јазик за да ги прочитате советите од центарот.

Вклучување на тинејџерите во Google+ доаѓа по претставувањето на нова заедничка-за-сите-Google-сервиси полиса за приватност која ќе стапи во сила на 1-ви март. Според Google, полисата ќе им дозволи да ги следат активностите на корисниците и да ги споделат на еден профил. Иако оваа поедноставна полиса ќе им помогне на корисниците полесно да ги користат сервисите на Google и да се запознаат со приватноста, сепак за властите е сомнително што во полисата не е вклучена опција која ќе им дозволи на корисниците да одберат да не им бидат поврзани информациите од разни сервиси во еден Google Account.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk