Twitter ќе цензура твитови во одредени земји

Тwitter во блог пост објави дека сега има алатка која ќе овозможи блокирање на содржина во специфични земји, додека истата ќе остане достапна за сите.

„Како што раснеме на интернационалната сцена, ние ќе влеземе во земји кои имаат поинаква идеја за кои се границите на слободата на изразување. Некои се разликуваат толку многу од нашата идеја, што ние не би можеле да постоиме таму. Други се слични, но заради историски или културолошки причини забрануваат одреден вид на содржина, пример Франција или Германија забрануваат про-нацистичка содржина.“

Јасно е дека Twitter ја спроведува оваа алатка чисто заради бизнис можностите, односно пристап до милиони корисници од нови пазари. Но, оваа алатка звучи како нешто што ќе им помогне на земјите да цензурираат содржина. Од друга страна, таа алатка помага на Twitter да ја зачува содржината, наместо како да сега да ја тргне комплетно и глобално. Дали така Twitter ќе помогне да се зачува слободата на говор, при тоа задоволувајќи им на одредените земји, или пак ќе помогне да за зачува едноумието во тие земји, што ќе доведе до изолација, наместо глобалната поврзаност?

„Не сме ја искористиле алатката сè уште, но ако и кога ќе биде потребно да задржиме твит во специфична земја, ќе се обидеме да го информираме корисникот, и сигурно ќе одбележиме кога содржината ќе биде блокирана.“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
@sashho
14 years ago

Back to IRC !!!!!!