Google се вади на софтверска грешка која ги фаворизира неговите сервиси пред конкурентите

1 коментар 1 мин. читање

Google обвини софтверска грешка за високото позиционирање на сопствените сервиси во резултатите од пребарувањето. Станува збор за резултати во пребарувањето од Yelp и TripAdvisor кои не се јавуваат во резултатите, дури и кога корисникот ќе вклучи „Yelp“ или „Tripadvisor“ во пребарувањето .

„Проблемите се предизвикани од неодамнешната измена во кодот. Веќе работиме на измени кои ќе го поправат,“ вели Google. Но, Yelp кој долго време го обвинува Google за протекционизам не е убеден во ова. „Никаков глич, ова е начин на кој Google се однесува,“ вели Јереми Стопелмен од Yelp, за Recode.

Софтверската грешка се појавува единствено на мобилната верзија на пребарувачот и најверојатно ќе одведе повеќе корисници од споменатите сервиси. Yelp, Microsoft, Tripadvisor се жалат на однесувањето на Google пред Европската комисија, а оваа вест секако нема да помогне во намалување на јазот помеѓу ривалите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед