Google сака да се рекламира секаде, дури и на вашиот фрижидер!

во Веб

Google планира да испраќа реклами на сите паметни уреди од домашните поврзани уреди како фрижидери и рернипа, па се до паметни и автономни автомобили, покажува документот на Комисијата за хартии од вредност и размена на САД. „Признанието“ на Googlе доаѓа по барањето на комисијата да се произнесат колку заработуваат од рекламите и колку им се приходите од различните платформи. Google одби да одговори колку заработува од мобилната платформа, под изговор дека дефиницијата на мобилно постојано се менува.

„Очекуваме дефиницијата на мобилно да продолжи да се развива со паметните уредите кои доаѓаат на пазарот. На пример за неколку години, ние а и други компании ќе можеме да презентираме реклами на фрижидери, на таблите во автомобилите, на термостати, очила, часовници, ова се само дел од можностите… Очекуваме дека корисниците ќе ги користат нашите услуги и ќе ги гледаат нашите реклами на се поголем асортиман на производи во иднина“, вели Google.

Google не е единствена компанија која заработува од реклами на мобилни платформи, пример, приходите на Facebook и Twitter зависат од тие мобилни реклами. Но, со над 80 отсто од паметни телефони кои се Android, Google веќе го освои тој пазар, и време е да им покаже на инвестоторите дека има вредност и во други паметни уреди. Дел од експертите коментираат дека ова е една од причините за аквизицијата на Nest на чии термостат Google би можел да презентира реклами.

Сепак компанијата демантира дека Nest е купен за ваква намена, велејќи дека „Во контакт сме со SEC да го дообјасниме јазикот употребен во пријавата од 2013 година која не го отцртува планот на Google. Nest кој го купивме откако го поднесовме ова надополнување, нема модел за реклами и нема планови за вакво нешто“, изјави претставник на Google за Venturebeat.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
jonce
jonce
12 years ago

Imam edno slobodno mesto na WC soljata, go iznajmuvam.