Возењето ламбурџин како да не е доволно за полицијата во Дубаи која сака да изгледа како најсофистицираните безбедносни службеници во светот. Како дел од спектаклот сега полицијата во Дубаи започна да ги користи очилата за проширена реалност Google Glass да им издаде казни на несовесните возачи, но и да ги идентификува автомобилите по кои е издадена потерница. Информацијата ја потврди полицијата од Обединетите Арапски Емирати за Gulf News.
Засега Glass сè уште се тестираат и сè уште е непознато дали властите во Дубаи ќе се одлучат да ги задржат очилата во употреба. Полицијата во Дубаи разви две апликации преку кои всушност и се тестира употребливоста на Glass. Првата апликација ќе и помага на полицијата со тоа што фотографијата која ќе биде фотографирана ќе оди веднаш во системот, фотографирањето е направено едноставно и се што треба да се направи е да се потчукнат очилата на десната страна. Втората апликација ќе им помигне на полицајците да утврдат дали по возилото е распишана потерница, полицаецот ќе ја погледне регистрацијата на возилото, а апликацијата ќе ја спореди со листата на возила по кои е распишана потерница, доколку ова е случај апликацијата ќе го алармира полицаецот. Доколу властите во Дубаи се задоволни од прикажаното би можеле да купат повеќе Google Glass очила.
На почетокот на годината и полицијата во Њујорк најави дека ќе ги користи Google Glass очилата во своите патроли.