Microsoft го купи мобилниот бизнис на Nokia за 5 милијарди долари

во Мобилни

Nokia Devices & Services, патентите на Nokia и Nokia мапите сега се во сопственост на Microsoft. Цената која Microsoft ја исплати за аквизицијата на мобилниот оддел на Nokia е 5 милијарди долари. По извршувањето на зделката, на почетокот на 2014 година, 32.000 вработени на Nokia ќе се префрлат во Microsoft. Интересно, аквизацијата на поголемиот дел на Nokia се случува само недела дена откако Стив Балмер најави дека ќе се повлече од Microsoft. Nokia и Microsoft прв пат стапија во потесна соработка пред две години кога Nokia се посвети на Windows Phone платформата.

Компанијата од Сиетл отсега е сопственик и на Asha и Lumia брендовите на паметни телефони, но Nokia ќе остане во сопственост на финската компанија. Ова значи дека следните Lumia телефони ќе излегуваат под Microsoft, а Asha ќе биде телефонот со кој Microsoft ќе се обиде да го приближи Windows Phone до новите корисници.

Според Microsoft, компанијата се надева дека со ова ќе го зголеми учеството на Windows Phone на пазарот, а со тоа и профитот од овој сектор. Досега Microsoft заработуваше 10 долари од секој продаден Nokia паметен телефон, а проценките се дека од сега заработката ќе биде околу 40 долари за уред. Покрај ова Microsoft сега ќе може да обезбеди подобра интеграција за својот софтвер, поточно да го изработи телефонот специјално за Windows Phone оперативниот систем и неговите апликации.

Со ова Microsoft уште повеќе навлегува во производство на хардвер, па покрај Surface таблет компјутерите наскоро ќе бидеме сведоци и на Microsoft телефон. Несомнено нема да изостанат споредбите со Apple, со тоа што Microsoft барем засега останува првенствено софтверска компанија. Microsoft веќе има изработен оперативен план со кој за да биде исплатлив секторот за паметни телефони, компанијата ќе треба да продаде најмалку 50 милиони телефони, јавува Washington Post.

Што се однесува до Nokia, по се изгледа дека во иднина целосно ќе се насочат кон развој. Во сопственост на компанијата остануваат NSN, HERE и Advanced Technologies. Покрај ова Nokia преку NSN сè уште е лидер на LTE пазарот.

StrategicRationale

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Александар Бончев

Super vest. Kako ljubitel na nokia, se nadevam deka nema da vlijae na cenata vo negativen kontekst.

види ги сите огласи на kariera.it.mk