0 коментари 2 мин. читање 5 октомври, 2017

Google претстави слушалки кои со Android телефон преведуваат во реално време

Google, како и Apple го отстрани приклучокот за слушалки од телефонот. Ова секако значи дека компанијата презентираше нови слушалки. Поради можностите на асистентот на Google, на прв поглед изгледа дека овие слушалки се подобар избор од слушалките на Apple.

За разлика од слушалките на Apple, Google Pixel Buds доаѓаат споени со кабел. Кабелот освен што ги поврзува двете слушалки, овозможува и прилагодување на слушалката за увото на корисникот. Со едно полнење слушалките работат 5 часа. Кутивчето во кое се сместени е истовремено и батерија, па слушалките неколку пати можат да се наполнат од него.

Слушалките се контролираат со допир и гестови на десната слушалка. Па така, краток допир значи пауза, повлекување кон напред и кон назад појачување и потишување, а долго притискање го вклучува асистентот.

Сепак, најголема предност ќе имаат корисниците кои имаат Pixel уред. Овие корисници ќе можат да го вклучат Google Translate и да го користат телефонот за превод во живо. Разговорот е во двете насоки со тоа што во еден случај говорот доаѓа во слушалките, а во другиот преку телефонот. Асистентот може да преведува 40 јазици.

 

Цената на слушалките е 160 долари. Веќе се во претпродажба за дел од пазарите, а официјалната испорака ќе биде од ноември.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top