Google ги претстави Pixel 2 и Pixel 2 XL

Image courtesy of Google / YouTube

Google ги претстави надградбите на Pixel телефоните, Pixel 2 и Pixel 2 XL. Хардверски телефонот и не е преголем исчекор, сепак комбинацијата на софтвер, хардвер и машинско учење, прави телефоните да бидат лесно препознатливи.

Ако ви се допаѓаше претходниот дизајн на телефонот и сметате дека нема потреба од редизајн нема да бидете разочарани. Со исклучок на големината на екранот и батеријата, нема разлика помеѓу двата телефони.

Pixel 2 XL доаѓа со 6-инчен pOLED екран со резолуција 2.880х1.440 и батерија од 3520 mAh. Pixel 2 доаѓа со помал 5-инчен AMOLED екран со резолуција 1920 х 1080 i батерија од 2.700 mAh. Хардверски ова е единствената разлика на телефоните.

Pixel 2 и Pixel 2 XL доаѓаат со: Qualcomm Snapdragon 835 процесор;  4GB RAM; 64GB или 128GB диск; задна камера од 12.2MP, 1.4μm pixels, оптичка и електронска стабилизација на слика f/1.8; Предна камера 8MP, f/2.4 aperture lens, фиксен фокус. Задната камера може да снима видео со 1080р квалитет и 20, 60 или 120 fps. Двата уреди доаѓаат со “Active Edge” технологија која овозможува вклучување на асистентот со притискање на телефонот. Pixel 2 нема приклучок за слушалки, но доаѓа со USB-C приклучок.

Хардверот на телефонот е заеднички со речиси сите „flagship“ телефони. Сепак, две компоненти на кои Google може да биде горд се дисплејот и камерата. Екранот доаѓа со сооднос на контраст 1:100.000, новиот iPhone за споредба има 1:1.400.

Но, ако нешто е исклучително во новиот Pixel тоа секако е камерата. DxoMark на камерата на Pixel и даде рекордна оценка за квалитет 98. Ова е покрај фактот што Pixel 2 се едни од ретките уреди од висока класа кои немаат дуал камера. Најголеми предности на камерата се: широкиот динамички опсег при секакво осветлување, одличен автофокус, одлично зачувување на деталите.

Image courtesy of DXO

Една од софтверските предности на Pixel уредите е што надградбата на оперативниот систем доаѓа од Google. Ова значи дека не само безбедносните закрпи, туку и оперативниот систем доаѓаат најпрво на овие уреди. Google за овие уреди ветува минимум 3 години надградба на оперативен систем и безбедносни надградби. Ова е една година повеќе од од Pixel.

Pixel 2 доаѓа со најновата верија на Android, Oreo. Иако има промени во изгледот на оперативниот систем, за корисниците на претходниот Pixel нема да бидат премногу забележливи, вели Android Police. Најлесно забележливо е новото поле за пребарување поставено на најдолниот дел од екранот.

Сепак најголемиот напредок во новиот телефон е Google Lens. Технологијата овозможува препознавање на објекти од сликите, иако засега е со ограничени можности. Можеби Lens асоцира дека ќе се користи камерата, но ова не е случај. Технологијата засега се користи или од асистентот или од Google Photos.

За корисниците кои често го користат телефонот да препознаат која е песната која ја слушаат во моментот, Google има изненадување. Микрофонот на Pixel 2 постојано пасивно ги препознава песните кои ги слушате. Новата функционалност Now Playing работи локално, па не мора да се грижите дека податоците ќе бидат испратени во облакот вели Verge.

Image courtesy of Google

Почетната цена на Pixel 2 e 650 долари, а на Pixel 2 XL 850 долари. Продажбата во вообичаените региони започнува на 19 октомври. Pixel 2 доаѓа во 3 бои, сина, бела и црна, а Pixel 2 XL црна и бела.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Pixel 2 и Pixel 2 XL […]

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Implementation Team Lead

Matrix IT Global Services Macedonia

BI Developer

Matrix IT Global Services Macedonia

Implementation Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk