Избришете ги несаканите програми со IObit Uninstaller 7

Постојаното инсталирање програми и игри не само што знае да ја загрози стабилноста на оперативниот систем туку и непотребно да ви зазема простор на хард дискот. Системски вградениот програм за деинсталација бара поголема временска посвета, а, во поголемиот број на ситуации, не може да ги избрише сите траги на програмот.

Седмата верзија на IObit Uninstaller е способна за групна деинсталација на повеќе програми, како и сите оние траги кои стандардниот деинсталатор најверојатно би ги прескокнал, траги како привремени или инсталациони фајлови, како и внесови во регистарот. Прикажаната листа од инсталиран софтвер можете дополнително да ја прилагодувате и тоа како листа од најново инсталирани програми, програми кои заземаат голем простор на хард дискот, нечесто користени програми, надградби на Windows и слично. Ваквите податоци можете да ги подредувате и според име, големина, дата на инсталација и верзија, со дополнителни оддели за Windows апликации, ленти и плагини.

Најновата, седма верзија се испорачува без дополнителни софтвери во инсталациониот пакет. Исто така, сите надополнувања на важен софтвер ги извршува со поголема брзина. IObit Uninstaller 7 знае и да детектира пакосни плагини кои се пропратени со адвер и да понуди соодветни начини за нивно отстранување. Брзината на скенирање, како и процесот на деинсталација можат да се пофалат со поголема ефикасност, а во поглед на интерфејсот, на вас се остава дали да се одлучите со белиот или класичниот скин.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments