Google+ сега има малку променети профили според фидбекот од корисниците, како што велат инжинерите на Google. Заедничко на неколкуте новости е што ја зголемуваат интерактивноста со другите корисници. Пример, сега има таб Local на кој може да се најдат разни локални рецензии локации споделени од корисникот или пријателите, некои и предложени поради популарноста. Втор подобро дизајниран таб за да биде сфатен полесно е Аbout табот каде корисниците објавуваат информации за себе, со линкови и фотографии.
Можеби најзабележителна новина е зголемување на cover фотографијата, односно на почетната фотографија која се наоѓа на врвот на профилот, налик на фотографијата која ја имаме на Facebook Timeline. Google ќе дозволи закачување на фотографии големи до 2120x1192px кое се отвараат во 16:9 размер кога ќе се кликне на нив.








