Нема да има Firefox за iOS, вели лутата Mozilla

Mozilla нема намера да го врати Firefox на уредите на Apple. Ова е одговорот на Mozilla предизвикан од непријателското однесување на Apple кон прелистувачите од „трети производители“, јавува Cnet.

Уште поважно Mozilla ниту сега ниту во иднина нема да работи на прелистувач за iOS, се додека не се промени ставот на компанијата ок Купертино. Протекционизмот на Apple го доведе нивниот прелистувач Safari на прво место на мобилните платформи со 55,41 отсто од сите прелистувачи на пазарот , јавува NetMarketShare. На оваа листа Mozilla има помалку од 1 процент.

Корисниците на iOS не можат да го променат стандардниот прелистувач на овој оперативен систем и барем засега Safari e очигледниот избор. Со оглед на тоа дека интернетот сигурно се префрла од десктоп на преносни платформи, тешко е веројатно дека ваквото однесување на Apple ќе биде долго толерирано, на пример минатата недела Microsoft беше казнет 561 милион евра за сличен прекршок.

Mozilla пак барем во моментов ќе биде преокупирана со Mozilla OS оперативниот систем со кој ќе се обидат да станат трет избор на преносните платформи. Покрај ова тие имаат сериозни забелешки до Apple бидејќи не овозможува софистицирано рендерирање и Јavascript енџин во iOS, поради ова команијата констатира дека неможат до го понудат прелистувачот кој сакаат на оваа платформа.

Избор на прелистувач од Apple покрај Mozilla побараа и од Opera, па во скоро време е можно iOS да стане предмет на интерес на Европската Комисија и FTC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments