Иднината на Chrome компјутерите, според Google, ќе биде со најевтините Chromebook лапотопи до сега и копмјутер на стапче. Chromebit стик е нов уред, кој преку HDMI порт го претвара мониторот или паметниот телевизоr во компјутер. Уредот ќе го произведува ASUS и според првите најави ќе биде поевтин од 100 долари, а ќе биде достапен во продажба на крајот на 2015 година, вели Google.
Што се однесува до лаптопите, најавените Chromebook ќе чинат 150 долари, и двата модели ќе имаат 11 инчен монитор. Haier Chromebook 11 е достапен преку Amazon, додека Hisense Chromebook ќе се продава во разни продавници, како американскиот супермаркет Walmart. Уредите доаѓаат со 2GB RAM и 16GB слободен простор, а се останато оди „на облакот“. Батеријата според најавите е доволна за работа од 8,5 до 10 часа помеѓу полнењата.
Google го најави и Asus Chromebook Flip кој доаѓа за 250 долари, но доаѓа со тач дисплеј, и како што наговестува името, екранот може да се заврти и да стане своевиден таблет/монитор.







