Facebook ги следи сите, а тоа не и се допаѓа на Европа

Facebook ги следи сите! Корисниците кои немаат Facebook профил, корисниците кои се одлогирани, па дури и корисниците кои експлицитно одбрале да не бидат следени, јави Guardian. Обвинувањето доаѓа од истражувачите од Центарот за интер-дисциплинарно право и технологија ICТ и Катедрата за компјутерска безбедност и индустриска криптографија Cosic од Универзитетот Лувен, Белгија.

Резултатите од студијата се сериозни и покажуваат дека најголемата друштвена мрежа ги следи сите и секогаш, дури и коирисниците кои одбрале да не бидат следени. Компанијата ги следи корисниците за да понуди „подобри“ реклами, а следењето е преку плагини како Like и Share копчињата кои се вгнездени во над 13 милиони веб-сајтови. „Кога корисникот ќе посети некој сајт кој има Facebook social plugin тој е детектиран и испраќа колаче-за-следење до Facebook – дури и кога корисникот нема интеракција со копчињата…“, велат истражувачите.

Оваа пракса на Facebook е во споротивност на законите во Европа кои забрануваат опфатно следење на корисниците. Прекршувањето е направено по неколку основи, следење на корисници преку плагини, следење на корисници кои се одлогирани (корисниците можат да бидат следени единствено со „session cookies“) и следење на корисници кои експлицитно се изјасниле дека не сакаат да бидат следени.

„Европските закони се јасни по ова прашање. За да биде легално валидно, мора да добиете потврда од корисникот дека можете да го следите. Facebook не смее да користи тоа што некој корисниците не одбрале забрана за следење. Што се однесува до останитите кои не се корисници на Facebook, компанијата нема никаква правна основа со која може да го оправда нивното следење“, вели Брендан ван Алсеној од ICRI.

Тоа што е малку застрашувачки е што друштвената мрежа за Европа има „специјални“ веб колачиња кои можат да ги следат корисниците до две години! Овие колачиња не се користат за корисниците од САД и Канада. „Откривме дека Facebook не ги остава овие колачиња за долго следење на корисниците кај американските и канадските корисници“, вели Гунеш Акар од Cosic.

Минатата недела Европската унија излезе со совет за корисниците на Facebook од Европа, дека е подобро да си ги затвора профилите.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Анонимен
Анонимен
7 years ago

Логично и вистинито, ајде ИТ тргајте фејстув плагинот :)