Google+ отстрани профил слика на познат блогер без негово знаење бидејќи го покажувал средниот прст

во Друштвени мрежи

Познатиот блогер и поранешен уредник на TechCrunch, МГ Сиглер, пишува дека неговата профил слика била избришана од Google+, GChat и Gmail профил бидејќи на неа тој го покажува средниот прст. Првата негова реакција била дека тоа е грешка, но откако повторно ја закачил сликата добил одговор од Google:

„При првата точка на интеракција со корисничкиот профил, сите профил слики на Google+ се прегледувани со цел да бидат според нашите Правила за користење и Полиса за однесува. Нашата полиса вели „Вашата профил слика не смее да има вулгарна и навредлива содржина“. Вашата слика е тргната бидејќи ја прекршува полисата.“

Со „првата точка на интеракција со профилот“ Google подразбира дека сликата може да се види од било кој, односно да се дојде до неа со едноставно пребарување. Но, според МГ Сиглер, проблемот не е што била тргната сликата, туку што Google не го информирал за тргната слика.

„Не ми е проблем што сега нема да можам да го покажувам средниот прст, бидејќи можам да го покажувам на Тwitter и на други места“, вели тој, „Туку тоа што никој не се потрудил да ми каже или да ме предупреди дека тие ми влегле во профилот и ја избришалесликата. Што ако тоа е единственото место на која сум ја чувал сликата?“

Оваа реакција, не таа што е избришана вулгарна слика, туку што не е предупреден корисникот, не е прва чудна реакција на Google кога се однесува на неговата друштвена мрежа. Кога стартуваше мрежата Google бришеше профили со псевдоними без да ги информираат корисниците, потоа се дозволи корисниците да имаат псевоними под услов да го има и нивното право име. Ова беше чудно бидејќи на Gmail може да си отворите каков сакате мејл кој ќе ви функционира како Google профил.

Според Роб Бесчиза од BoingBoing, Google ја опишува друштвената мрежа како алатка за споделување нешта од „реалниот живот“. А во реалниот живот покажување на средниот прст не е воопшто проблем меѓу пријателите.

„Средниот прст, покажан неодредено никому, не е баш скандалозен гест; тука тој е опфатен од нејасно дефинирана полиса која се користи од сервис кој се рекламира како јавно место за слобода на изразување.“

Интересно, еден корисник во комнтарите на BoingBoing посочува дека децата не можат да го користат Google+. „Во тој случај кого заштитуваат тие со цензурирање на содржината?“, прашува тој.

Што мислите дали Google е во право со цензурирање на несоодветна содржина? Иако е нивна друштвена мрежа, нивни правила, сепак дали тоа ќе значи дека ќе тргнат содржина и споделени линкови кои се вулгарни без да ги информираат корисниците, или пак ќе цензурираат само тоа што е јавно и достапно за сите?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
pero
pero
12 years ago

Кој се замара за ова нека ги прочита правилата на користење на сите гугл сервиси, според мене не направиле ништо надвор од претходно постигнат договор кога блогерот кликнал I Agree,
не велам дека јас читам се што ми се нуди на интернет само за да се регистрирам некаде, но исто така не се жалам кога тие одредби на кои што сум се согласил ќе се применат. едноставно е, ако не ти се допаѓа како работи не го користи барем за г+ има алтернатива