Предвидувања на Zero Science Lab за трендовите во компјутерската безбедност во 2012

Во насока на новогодишната атмосфера и плановите за наредна година сметавме дека е добро да ги споделиме нашите превидувања во полето на информациската безбедност за наредната 2012 година. Од искуството од сите претходни години јасно е дека и понатаму компјутерската и информациската безбедност ќе продолжат да се дел и решението на најголемите проблеми во ИТ светот.

Еве ги предвидувањата од Zero Science Lab за главните сфери во кои може да се очекуваат интензивирања на истражувањата и конкретните напади:

Mobile malware

Ова и не е тешко да се предвиди судејќи по нагорната линија на опасности во оваа сфера во последните две-три години. Со зголемување на продажбата и се поголемиот дел од пазарот на паметните телефони, сите нови модели на таблети, идејата за едноставно користење и пред се фокус на добро корисничко искуство и помал труд во безбедноста, сето ова надополнето со генерално лесна достапната документација, примери и книги за развој на мобилните платформи не се ни очекуваше ова да не помине низ ситниот филтер на безбедносните експерти.

Доволно е да ги погледнеме неколку од големите инциденти кои што се случија во претходната година, дел од нив и при крајот на оваа (пред неколку месеци) за да го потврдиме нашето предвидување. Еве неколку:

Android како платформа лесна за развој и едноставна за користење како и брзата пенетрација на пазарот се чини ќе биде прва опција. По него ќе следи iOS на Apple поради атрактивност и профитаблиниот дел од пазарот. Blackberry никогаш и не бил фокус на напаѓачите, па не може да се очекува некаква револуција кај него. Затвореноста на кодот, многу малата документација, и процентот во опаѓање на пазарот се причините за ова.

Она што може да го привлече вниманието е влегувањето на Windows Phone телефоните на Microsoft во целата приказна. Дали личното лошо искуство што го имаа со губење на делот од корисниците заради лошата безбедност на Windows OS на десктоп компјутерите,  ќе значи и дека сега тие ќе бидат во корист од идните можни инциденти на конкурентните платформи?

Гејминг платформи

Гејминг искуството, кое значи седење дома малку подолго време уживајќи во новата авантура, се повеќе значи и онлајн поврзување. Веќе неколку години по ред World of Warcraft е феноменот во гејмингот со над 12 милиони корисници ширум светот. Следат сите нови игри кои воведуваат онлајн профили – новата PES, новата FIFA, понатаму boom-от на Angry Birds, фармата на Facebook и други, сите изгледаат како нова сфера која што се повеќе го привлекува вниманието за злоупотреба на информации.

Како примери од минатата година не смееме да ги испуштиме:

Гејминог е огромен бизнис со големи ѕверки во него,  па не е чудно што станува се поголема мета. Така и ќе биде во иднина.

Измами на друштвени мрежи

Не многу луѓе во почетокот можеа да предвидат дека друштвените мрежи ќе пораснат до овој степен. Пример, на Facebook наскоро ќе има неверојани 1 милијарда корисници. Денеска полесно се мерат луѓето што не користат друштвени мрежи или што не поминуваат најголем дел од времето онлајн на нив. За овој феномен доволно се пишува и зборува па нема потреба да се потенцира неговата важност на Интернетот.

Веќе започна и се повеќе ќе расте манипулацијата на корисниците на друштвените мрежи. Значи сите начини за Social Engineering се веќе познати само ќе се портираат на друштвените мрежи.  Дополнително тука се честите црви што се појавуваат и многу лесно се шират низ мрежата.

Еве неколку примери за злоупотреба на лични податоци и несоодветна безбедност кај мрежите:

Cloud computing

И при крајот, нештото во кое повеќето, со право, веруваат дека е иднината а тоа е хостирањето бизниси на облакот – cloud computing. Неговата актуелност е слична како на социјалните мрежи само во различни области. Перформансите, стабилноста, надежноста и безбедноста се нештата што се посочуваат како најголеми предности. Како и кај секој продукт мора да има и стратегија како да се продаде.

Но, сето ова треба да се земе земе со блага резерва….

Управување со ранливости (Vulnerability Management)

За крај би сакале да и дадеме важност и на оваа практика во безбедносниот свет, на која повеќето луѓе и не обрнуваат внимание, што претставува изворен проблем кај безбедноста на информации и зголемување на хакерските напади ширум светот.

Можеби сте забележале покрај објавувањето на многубројни ранливости во различните софтвери, дека бројот на безбедносните предупредувања е со голем пораст што значи поголема свест за безбедност на информации кај произведувачите на софтвер, како и квалитетот и безбедноста на тој софтвер.

Тоа не е случај кај нас во Македонија, но, за во 2012 година се надеваме на попрофесионална и поодговорна соработка помеѓу безбедносните тимови и самите произведувачи на апликации.

Среќни празници и бидете безбедни. ;)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Mao
Mao
14 years ago

l33t h4x0r :)

badc0re
badc0re
14 years ago

Super predviduvanje, ali sepak ke se javi nesto neocekuvano :)