0 коментари 1 мин. читање 10 април, 2013

Google официјално го објави новиот Google Play

Пред неколку денови објавивме дека Google подготвува нов дизајн на Google Play маркетот, а од денес продавницата за апликации веќе и официјално e достапна за корисниците на Android паметните телефони и компјутерски таблети.

Новиот дизајн е фокусиран на поголемите фотографии за апликаците и игрите кои се прикажуваат на страницата. Исто така, сличните апликации се групирани заедно, па така корисникот ќе може лесно да ја избере својата омилена апликација за одредена намена. Со лизгање надолу редовно ќе добивате препораки за апликации кои можеби би сакале да ги инсталирате.

На новиот Google Play поедноставено е и купувањето на апликации, музика и книги, а како ќе изгледа можете да погледнете на видеото:

[youtube]3VL-R4RPx3Q[/youtube]

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top