Аpple и Yahoo преговараат за подлабока iOS соработка

во Свет

Apple и Yahoo се во преговори за подлабока соработка на iOS уредите, извести Wall Street Journal. Покрај веќе интегрираните сервиси за временска прогноза, финансии и спорт, Apple сака и вестите на Yahoo да бидат повеќе читани на iPhone и iPad. Компаниите разговараат пред се околу можноста вестите да бидат претходно вчитани и презентирани од Siri.

Пребарувањето засега не е тема на овие преговори. Apple вели дека „не сме поготвени да го жртвуваме квалитетот на пребарувањето. Засега Google се најдобри.“ Покрај ова пречка во пребарувањето на Yahoo е што резултатите ги генерира пребарувачот на Microsoft, Bing.

Преговорите им одат во прилог на двете компании. Apple кој очајно се обидува да се ослободи од доминацијата на Google во нивните производи, а Yahoo пак ќе може да се претстави на пазар со 200 милиони „нови“ корисници на iPad и iPhone годишно. Со помош на Apple, Yahoo би можел да поврати дел од интернет сообраќајот откако дел од корисниците се прeфрлија на други сервиси.

„Yahoo не произведува хардвер и нема свој оперативен систем, веб-пребарувач или друштвена мрежа, па мора да се потпрат на партнерства за да го зголемат користењето на нивните услуги. Ова значи дека постои можност за силни партнерства на кои сме фокусирани.“ вели директорката Мериса Мејер на форумот во Давос.

Дали партнерствата со Apple, но и со останатите комании ќе бидат доволни да ја зголемат посетеноста ќе мора да почекаме и да видиме. Но „пораст на посетеноста“ на Yahoo, е основа за зголемување на приходите кои веќе подолг период изнесуваат околу пет милијарди долари годишно.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments