0 коментари 1 мин. читање 10 април, 2013

Facebook сака да го споделувате вашето расположение

Покрај сите тие приказни што ги споделуваме на нашите профили на Facebook, сега Марк Закерберг сака да знае и како се чувствуваме во моментот, што правиме, што слушаме или гледаме. На дел од корисниците во САД веќе им е овозможена опција за споделување на емотикони (смајлињата). Иако овие емотикони се на тест уште од почетокот на оваа година, Facebook дури сега ги прави достапни за поголем дел на корисници.

Откако ќе ја изберете опцијата за емоции, ќе ви се прикаже мени со повеќе опции како: гледам, читам, слушам, пијам и јадам. Така, доколку сте во друштво ќе можете лесно да им кажете на пријателите што гледате, што пиете и слично.

Овие можности се достапни преку веб и мобилната верзија на Facebook, а претпоставуваме дека во брзо време ќе биде достапна и кај сите корисници.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top