Гејминг конзолата Оuya (У-ја), која преку Kickstarter собра 8,5 милиони долари од поддржувачите, ги испорача првите модели на корисниците кои се „early adopters“. Првите испорачани уреди, иако се финален хардвер производ, сепак ги чека надградба на софтверот пред официјалната продажба во јуни.
Првите рецензии за конзолата се прилично поделени, од 3,5/10 од The Verge до прилично наклонета рецензија од CNET. Сепак речиси сите се согласни дека софтверот за конзолата сеуште е во бета фаза, но и дека повеќе игри ќе допринесат за поголема популарност на конзолата.
[youtube]BQtr7Xxicd0[/youtube]
Коментарите за дизајнот на куќиштето на конзолата се од одлична идеја до
„кутија за кинеска храна од иднината“. Сепак конзолата зафаќа простор на коцка со раб 10 cm и креаторите ги имаат објавено плановите за 3Д принтање. Сепак се чини дека дел од критиките кои се однесуваат на преголемата збиeност на приклучниците и каблите кои влегуваат се во право, иако предноста на ова е што лесно ќе можете да ги скриете.
И ако контролерот со тачпад е најавуван како револуционерен, а и PlayStation реши да интегрира тачпад во контролерот на следната генерација, изгледа дека не баш според најавите. „Контролерот треба да се доработи, во моментов изгледа како спој помеѓу контролерот на Xbox и било кој контролер кој може да го најдете за 20 долари.“ вели The Verge, иако порталот сепак ја пофали крутоста на рачките кои се погодени „точно како што треба“, но останаа неимпресионирани од копчињата.
Заклучоците за конзолата се поделени. Првите впечатоци се движат од „ако имате 99 долари потрошете ги на нешто друго“ до „најдоброто нешто што можело да му случи на инди-гејмингот“. Сепак изгледа дека креаторите на Ouya ќе мора да посветат повеќе време на софтверот зад конзолата со оглед на тоа дека најголем дел од критиките се на адреса на бавен интерфејс багови или излегување во главното мени. Сепак два месеци до официјалната продажба би требало да биде доволно да го поправат впечатокот, пред се бидејќи сите се согласни дека конзолата има огромен неискористен потенцијал. Сепак додека тој потенцијал не се искористи Ouya ќе остане конзола за развивање на Android игри наместо уред каде истите ќе се играат.
[youtube]fX6Xg0gM3TI[/youtube]









Прецената играчка со одвратен UI за кежуал гејминг од типот на SNES
Поштарината за кај нас е скапа (25$) па заради то не го подржав проектот на Kickstarter. Ајде здравје боже, ќе најдам некој наш што ќе оди во америка па да ми купи.
Повеќе ми е за како HTPC, но и за некоја игра да се изигра не е лошо.