Google Nexus Q е топчест медиа плеер кој стрима YouTube преку ТВ

Иако не e главна атракција на I/O, сепак Google Nexus Q медиа плеерот треба да го завземе централното место во делот за забава во вашата дневна соба. Иако со современ дизајн, уредот сепак е релативно модерна верзија на џубокс.  Пристап до Nexus Q ќе има било кој корисник со Android телефон или таблет компјутер. Сепак никој нема предност во составувањето на редоследот на песните, дури ни сопственикот на уредот.

Музиката која ја слушате ќе доаѓа директно од „Google Cloud“, а дури да да сакате да зачувате некоја од песните тоа не е можно бидејќи Nexus Q нема никаква меморија. Уредот ги „пушта“ песните со WiFi преку кој се поврзува со „облакот“.

Иако „џубокс мод“ е најрекламираната страна на уредот, сепак не е единствена. Q стримува и видеа од Youtube и филмови. Сепак цената од 300 долари изгледа превисока, уште повеќе ако се има во предвид дека Apple TV кој вистина има помалку опции чини околу 100 долари. Дел од цената е поради вграденото појачало кое го нема во сличните Apple уреди, но се претпоставува и дека цената на уредот е волку висока бидејќи Nexus Q целосно е изработен во Америка.

За жал, уредот нема да биде достапен за македонските корисници, барем не во блиска иднина.

[youtube]7F5FO-MyR0o[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments