Google му даде само четири месеци на Asus за да го изработат таблет компјутерот Nexus 7, вели претседателот на Asus, Џонеј Ших. Таблет компјутерот мораше да биде конкурентен со другите, но и да не биде поскап од 200 долари. За да ја олеснат соработката, Аsus двојно го зголеми бројот на инжинери посветени на продукто и ги префрли во Силиконската долина со цел да бидат поблиску до Google.
„Моите инжинери ми рекоа дека работата беше како тортура.“, вели г. Ших во интервју за AllThingsD.
Но, според Енди Рубин, главниот за Android во Google, Аsus бил единствениот партнер кој можел да се адаптира толку брзо.
„Стигнавме од нула до готов продукт за само четири месеци.“
Во истото интервју, г. Рубин зборуваше за некои од проблемите со кои се соочиле Google со претходните таблет компјутери како дека хардверот е понебитен од содржините кои можете да им ги понудите на вашите корисници.
„На Google му недостасуваа делови од екосистемот, како ТВ серии и филмови кои корисниците би ги купиле или списанија кој ќе можат да ги прочитаат на таблет компјутер.“, вели г. Рубин.
Лидерите на Asus и Google тимот кој работеа на Nexus 7 велат дека главната предност на таблет компјутерот е квалитетот, но не е занемарлива ни цената од 200 долари, која е слична со Kindle Fire на Amazon. Nexus 7 ќе се продава во Google Play, па слично како и Amazon ќе можат да го продаваат со минимална заработка. Но, финансиските аналитичари тогаш најавија дека Amazon, најверојатно го продава Kindle со минимален профит или загуба, а заработката доаѓа од услугите кои им ги нудат на корисниците на „Amazon Store“.
Сепак ако „Google Play“ успее да одговори на предизвикот, цената и квалитетот на Nexus 7, сериозно ќе го намалат просторот за новите прозводители на Android таблет компјутери. Енди Рубин сепак не се согласува со оваа констатација и тврди дека сè уште постои многу голем простор за иновативност кај Android таблетите.
[youtube]YMQdfGFK5XQ[/youtube]