Google не реагира на барањата на македонските власти за цензура

во Веб, Свет

Ок, насловот можеби звучи премногу сериозен од колку што е самата ситуација. Факт е дека Google до сега не реагирал на ниту едно барање од македонските власти за цензура или отстранување на содржина, но од друга страна до сега македонските власти испратиле помалку од десетина барања за цензура или отстранување на нелегална содржина, ни открива Google Transparency Report.

Овој извештај Google го објавува на секои шест месеци со цел да остане транспарентен кога се работи за отстранување на содржина. Во повеќето случаеви Google реагира по барање на државите, пример на 37 барања со судски налог од Аргентина, Google реагирал во 97 отсто од случаите. Или пак кога нема судски налог, пример на 94-те барања од Јужна Кореа, реагирал 80 отсто од случаите.

Тоа што е интересно, и малку загружувачките, признава Google во својот блог пост е што повеќе земји бараат отстранување на политичка содржина, што е директна и неоснована цензура.

„Не е само загрижувачки што слободата на изразување е ставена во опасност, туку што некои од овие барања доаѓаат до земји во кои не би се сомневале – западни демократии кои не се вообичаено асоцирани со цензура.“, вели главниот аналитичар за полиси во Google, Дороти Чо.

Дали треба Македонија почесто да реагира?

Никој не би сакал да види цензура во Македонија. Во земјата поделена на две партии веќе има контроверзни замолчувања, затварања на телевизии или користење на судска моќ против индивидуалци, и често е тешко да се остане неутрален.

Но, ако ја оставиме политичката цензура на страна, македонските власти мора да реагираат многу почесто и многу посериозно кога се работи за содржина на YouTube. На видео сервисот има купишта содржина која шири говор на омраза, верска нетрпеливост и често повик на геноцид. Повеќето од тие видеа само ја разгоруваат страста кај корисниците кои започнуваат своја вербална војна со одвратен говор. Во мултикултурно општество таквиот говор на омраза мора да биде тргнат. Верувам дека и Google ќе се сложи со тоа, како што се сложи со барањата на британските власти да се отстранат 640 YouTube видеа кои промовираа тероризам.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Mite Velkov
12 years ago

А дали може да се види за кои работи е побарана цензура?

Трајанчо
Трајанчо
12 years ago
Reply to  Mite Velkov

не најдов, а баш ме интересира. ако најде некој, се надевам ќе сподели!