2 коментари 2 мин. читање 18 јуни, 2012

Facebook Olympics Hub ги здружува атлетичарите и корисниците

Facebook го стартува Olympics Hub преку кој корисниците можат да ги најдат фан страните на сите атлетичари и на разните тимови и федерации на омилениот спорт.

Страната на Facebook е едноставна и е налик на веб сајтот кој го стартуваше Олимпискиот комитет преку која може да се најдат друштвените профили на атлетичарите. Ја имате листата на сите спортисти и организации и доволно е само еден клик за да ја „лајкувате“ нивната официјална страна и да започнете да ги следите најновите информации.

Со друштвените мрежи на кои скоро секој атлетичар има профил, корисниците ќе можат да имаат внатрешен човек кој може да сподели поинаков и личен аспект на игрите. Но, само доколку им дозволи Олимпискиот комитет кој има одредено правила и забрани за споделување на слики и видеа од внатре во официјалните олимписки објекти.

Секако, поуспешните спортисти ќе добијат и повеќе фанови, што за нив е одлична промоција.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Стефан
Стефан
14 years ago

Мала корекција на текстот. Претпоставувам дека во оригиналниот текст постоел зборот “athlete” кој што треба да се преведе како “спортист”, a не како атлетичар, иако во оригиналното значење на зборот “атлетичар” се подразбирало дека станува збор за спортист.

IT.com.mk
Admin
14 years ago
Reply to  Стефан

:))) ова е оригиналниот текст, но интересно е како правиш забелешка базирана на твоја претпоставка. Атлетичари е генерално име за повеќето спортисти кои учествуваат на Олимпијадата.

Мени
Заедница
Изглед
To top