Wire накоро ќе биде попоуларна од Skype, верува ко-основачот на Skype, Јанус Фрис. Wire е апликација која не само што ќе биде конкуренција за Skype, туку ќе биде предизвик и за WhatsApp, Viber и сличните алатки за комуникација. Јанус Фрис својата поддршка за Wire и финансиски ја поткрепи, бидејќи е еден од главните инвеститори на стартапот.
„Тоа што ме привлече кај Wire е што станува збор за нешто сосем ново. Не станува збор за некакво незабележливо подобрување. Ова не е само апликација. Ова не е напад на една функционалнист обидувајќи се да се направи нешто малку подобро. Тимот направи потполно ново решение за тоа како треба да изгледа комуникацијата. Немаше да бидам заинтересиран доколку стануваше збор доколку беше уште една функционалност.“, вели г. Фрис во интервју за Guardian.
Wire е веќе достапен на iOS, Android и OSX, а за три месеци е најавена и HTML5 и десктоп верзија на апликацијата. Ќе им овозможи на корисниците синхронизација на разговорите, текст пораки, споделување на слики, гласовни разговори и групни пораки. За разговорите Wire користи Opus аудио кодек, кој е со отворен код. За сега Wire нема поддршка за видео разговор, но компанијата најавува дека во иднина ова ќе биде додадено.
Останува прашање дали корисниците се подготвени да се откажат од Skype за сметка на поголема безбедност на разговорите. Wire користи end-to-end енкрипција за сите гласовни разговори и енкрипција за сите дата центри за сите пораки и медиски содржини.








