Google му плаќал милиони долари на MasterCard за податоците за купувањата на корисниците

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Google ги купувал податоците за купувањата на корисниците на MasterCard и за тоа им исплатил милиони долари. На Google овие податоци секако му биле потребни да провери дали ефектите од рекламите од дигиталниот се префрлаат и во физичкиот свет. Договорот помеѓу двете компании е таен и бил конечно реализиран по 4 години преговори, пренесе Bloomberg.

Секако Google нема друг начин да ги мери ефектите, а компанијата и не единственo виновна. Поголем проблем овој пат е од MasterCard кој воопшто и не ги известил корисниците за прибирањето на податоци од нивните картички и продавање на истите. Податоците кој MasterCard му ги праќа на Google се анонимизирани и личните податоци на корисниците не се откриени. Сепак дел од податоците кои MasterCard ги споделил со Google се производите кои ги купуваат корисниците.

Процесот функционира на следниот начин. Google регистрира кога некој корисник кој е логиран на профилот ќе притисне на реклама на Google, ако корисникот купи производ со MasterCard во физичка продавница во следните 30 дена, Google ќе испрати податок до огласувачот за ефикасноста на своите огласи, објасни Verge.

„Пред да го лансираме овој бета продукт минатата година, креиравме двојно-слепо криптирање на податоците што им оневозможува и на Google и на партнерите да дојдат до податок кој ќе ги идентификува корисниците. Немаме пристап до лични податоци со нашите партнери“, објасни Google.

Засега Google купува податоци единствено за американските корисници. Сепак ако сакате да се обезбедите за во иднина треба да забраните дозвола за Web &  App Activity.

Најверојатно MasterCard не е единствената платежна картичка која ги споделува податоците со Google. Компанијата минатата година го најави Store Sales Measurement сервисот. Тогаш компанијата објави дека има податоци за 70% од трансакциите на кредитни и дебитни картички во САД.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments