0 коментари 2 мин. читање 31 август, 2018

Ова се случува ако не знаете дека постои Archive.org

Од оваа недела претседателот на САД, Доналад Трамп започна „војна“ со Google. Вообичаено она што го зборува г. Трамп нема премногу основа во реалниот свет, но има доста поддршка кај љубителите на алтернативните факти.

Трамп на својот Twitter профил објави видео во кое тврди дека Google постојано ги промовирал „State of the Union“ говорите на претседателот Барак Обама, но ги игнорира неговите.

„Со години Google ги промовираше State of the Union говорите на Обама. Кога Трамп стана претседател, Google престана“.

Поентата на г. Трамп е дека Google не го сака него, ниту републиканците. Секако г. Трамп не го правел сам видеото, најверојатно го видел негде и само го пренел. Ова можеби подобро покажува дека сегашниот претседател на САД не е мотивација за лажни вести, туку и самиот е извор на истите.

За среќа постојат сервиси како Archive.org на кои може да се проверат ваквите тврдења. Проверка на Archive.org покажува дека на 31 јануари оваа година, говорот на Трамп е промовиран.

 

Секако, последното видео покажува и дека Трамп не го знае основното интернет „правило“. „Once something is out there in the internet, it will more or less be there forever“.

Google реагираше на обвинувањата. на г. Трамп:

„На 30 јануари 2018 го промовиравме стримот во живо на претседателот Трамп на google.com. Првото обраќање на претседателите по изборот не го промовираме, бидејќи тоа и не е State of the Union говор. Поради ова немаше промоција ниту во 2009, ниту во 2017“.

Интересно, вестите ги пренесоа дел од медиумите кои го поддржуваат г. Трамп, како Infowars, но и Russia Today, јави BuzzFeed.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top