Google и Monotype денеска го лансираа Noto, бесплатна серија на фонтови која се обидува да ги подржи сите пишани јазици во светот, дури и оние кои не се во редовна употреба. Ова е досега најголемиот типографски проект во светот, а од Google и Monotype велат дека за да го реализираат им требале повеќе од пет години.

Фонтот подржува латинични, кирилични, египетски хиероглифи па дури и емоџи. Noto има осум различни дебелини, подржува и serif и sans serif стилови и според креаторите, фонтот е создаден за да овозможи глобална комуникација “преку граници, јазици, култури и временски периоди”.
За да го преземете фонтот, посетете го следниов линк. Фајлот кој ги содржи сите фонтови е тежок над 470 мегабајти.







