Само седум часа откако беше објавена, Google Maps за iPhone стана број 1 бесплатна апликација во App Store со рејтинг од 4,5 од над илјада рецензии, пишува Cult of Mac. Причината за ова е јасна, Apple Maps се едноставно ужасни.
Покрај добрите мапи, апликацијата има и говорна turn-by-turn навигација, Street View, информации за јавен превоз и други интересни функционалности кои за жал се покорисни во големите американски и европски градови отколку во Македонија. Всушност апликацијата уште не е достапна на македонската Аpp Store, но има најава дека ќе се појави наскоро.
Google исто така ги обави и софтверските алатки (SDK) со кои програмерите ќе можат да ги интегрираат мапите во своите апликации кои користат локација.
Според New York Times, iOS апликацијата е малку подобра од таа за Android бидејќи е дизајнирана подобро, со полесна и поедноставна навигација. Тоа што е незгодно е што е на погрешна платформа. Аpple Маps имаат интеграција со говорниот асистент Siri, што значи дека треба само да му се обратите на Siri и да ги отвори мапите, додека за Google Maps ќе треба повеќе кликање.









Сири не сака да се дружи со не-епл апликации… :'(
Подбро да се клика отколку да се спопика.
Длабоко осмислен коментар. Браос.