Копирајќи ја друштвеноста на копчето Like, кое овозможува Facebook да се поврзува со останатите веб сајтови и им овозможува на корисниците да потенцираат што им се допаѓа, Google на своето копче +1 додаде можност да ги покажува оние Google+ пријатели кои кликнале на него.
Со овој потег Google планира да го подобри начинот на кој пребаруваме содржини на интернет, и да го направи пребарувањето по друштвено. Целта на надградувањето на функционалноста на копчето +1 е да препораките направени од нашите пријатели да бидат повидливи. Поголема е веројатноста да се кликне на врска доколку некој од нашите пријатели веќе ја има одобрено со притискање на копчето +1. За да видиме дали некој пријател има кликнато на ова копче, сè што треба да направиме е да поминеме со курсерот над него. Доколку повеќе пријатели кои го имаат стиснати копчето, сите тие ќе се појават во листа.
Ова е само почетокот на модификациите кои ќе ги добие копчето +1, бидејќи Google сигурно ќе сака да продолжи да ги искористи можностите што може да ги понуди ова копче.








Значи сега како што покажува на демотивација кои др пијатели лајкнале таму, така ќе го покажува и тој шо го имам во круг ако ставил +1 на некој пост. СУПЕР!