Google ќе започне да ги отстранува огласите на лажната поддршка за корисници

во Свет

Google започнува да ги отстранува измамите маскирани како техничка поддршка од своите реклами.

Компанијата објасни дека секоја секунда отстранува 100 огласи кои ги нарушуваат правилата за користење. Компанијата на листата на вакви огласи ќе ги додаде и сите неовластени сервисери. Измамници ги користеле огласите на Google да се маскираат како сервисери на Apple, откри Wall Street Journal.

Интересно е што дел од измамниците биле толку успешни, што успеале да се најдат и на првата листа во резултатите од пребарувањето за „техничка поддршка Apple“. Кога се јавиле на телефонот, воопшто не водел до техничката поддршка на Apple. Сепак иако телефонот не водел до Apple, огласот ја отворал страната на Apple.

„Забележуваме пораст со лажното рекламирање од трети компании за техничка поддршка и одлучивме да започнеме да ја ограничуваме употребата на огласите во оваа категорија глобално“, објасни Google.

Со ограничувањето кое го планира Google компанијата нема да успее да ги отстрани сите злоупотреби, но ќе ја направи злоупотребата потешка.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments