Google ќе ги награди сите кои ќе успеат да ја измамат вештачката интелигенција

0 коментари 1 мин. читање

Google организира луд конкурс. Компанијата ќе ги награди сите кои ќе успеат да ја измамат вештачката интелигенција со слики од велосипеди и птици. Единствен услов е на сликата да нема птици кои возат велосипед.

Причината за ова е да се придонесе во равојот на вештачката интелигенција. Препознавањето на птици и велосипеди е лесно за луѓето, но кога компјутерите се во прашање е предизвик.

Конкурсот е прилично едноставен, учесникот треба да пронајде слика од птица која ќе го измами компјутерот и ќе ја идентификува како велосипед. Единствено ограничување е да нема птица и велосипед. Сликите може да се илустрации, 3д објект, фотографии.

Секако ова е половина од натпреварот. Втората половина е нешто попроблематична и бара познавање од вештачка интелигенција. Учесниците може да се пријават и на другата страна, односно да креираат алгоритам кој ќе ги распознава сликите. Ако алгоритмот ги препознае сите слики во период од 90 дена ќе ја добие наградата. Испаѓањето е далеку полесно, штом некоја слика го измами алгоритмот, алгоритмот испаѓа.

Повеќе податоци за натпреварот, но и насоки кои ќе им помогнат на учесниците може да пронајдете на блогот на Google.


Им блогодарам на Hackable.mk за корекцијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед