0 коментари 1 мин. читање

Volkswagen преговара за стандардизација на автономните возила

Германскиот производител на возила Volkswagen е во преговори со повеќе производители со кои работат на стандардизација на автономните возила. Компаниите работат на поставување на основни стандарди за автономните возила, јави Automotive News.

Volkswagen групацијата засега го држи во тајност идентитетот на преговарачите. Сепак сите учесници во преговорите се надеваат дела ќе обезбедат подобро законско решение во случај на незгоди.

„Кога сте вклучени во незгода имате подобра можност да се одбраните ако може да докажете дека вашето возило ги исполнува барем минимум стандардите“.

Според она што го откриваат претставниците на Volkswagen вклучени во преговорите,  се проговара за минимални стандарди кои треба да ги исполнуваат елементите. Идеално ќе се договорите со другите дека ќе користите исти сензори и софтвер, вели директорот на компанијата.

https://youtu.be/rI6g5dMzDTs

Веќе следниот месец ќе бидат разгледани повеќе решенија по што најверојатно ќе бидат објавени и  повеќе податоци за преговорите.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top