Google+ ќе добие API-ja за слики и видео

0 коментари 1 мин. читање

Откако Google објави официјален пост најверојатно по грешка, побрза да го тргне, но не пред тоа да се прати на Twitter и да се кешира. Се работи за најавување на API-ја за Google+ за фотографии и видео.

„Google им дава на корисниците целосна контрола на нивните информации, и започнуваме со читај-само (read-only) пристап до јавните албуми, фотографии и видеа. Google исто така поддржува Creative Commons лиценцирање, што ќе овозможи на програмерите лесно да ги почитуваат авторските права.“, пишува во тој пост.

API-јата ќе помогнат на програмерите на апликации да извлечат содржина од друштвената мрежа на Google и да креираат апликации врзани со таа содржина. Претходно беше објавено API за извлекување на постовите од мрежата.

Бидејќи блог постот е тргнат, нема датум и не е познато кога тие API-ја ќе бидат објавени.

(via TechCrunch)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top