Google, Facebook и Mozilla против американскиот Сенат во заштита на Интернетот

во Веб, Свет

Пред американскиот Сенат и Конгрес се наоѓаат предлог-закони, Protect IP Act и Stop Online Piracy Act (SOPA), кои сериозно можат да ја загрозат интернет слободата и да воведат интернет цензура во САД. Ако се тоа одобри во САД можно е многу лесно такви закони да бидат одобрени во Европа, Македонија и ширум целиот свет.

Законите имаат за цел да ја спречат пиратеријата и прекршување на авторските права, но проблемот со нив е што им дозволуваат на властите и приватните компании да имаат моќ да изгасат цели сајтови, дури и ако тој сајт има и легална содржина. Според предложените акти, како прекршување на авторски права ќе се смета и ако, пример, објавеното видео има заштитена музика во позадина, филмски клип или спортски клип. Дополнително секој хостинг провајдер ќе биде задолжен да внимава и да контролира каква содржина се хостира на серверите или ќе биде строго казнет.

„Властите ќе можат да им наредат на интернет провајдерите (ISP) и интернет пребарувачите да ги насочат или одбијат корисничките обиди да пристапат одреден сајт. Како одговор, трети страни би ги навеле просечните корисници да користат алтернативни сервери што им нудат пристап до целиот Интернет (не само до новата американска цензорирана верзија) што ќе креира нови безбедносни ранливости додека се губи универзалноста на DNS.“, вели Electronic Frontier фондацијата која се бори за слободен пристап на Интернет.

Google, Facebook, Zynga, Twitter, LinkedIn, Yahoo, eBay, Mozilla и AOL ипратија писмо до Сенатот велејќи дека „не може да го поддржиме овој закон бидејќи сме загрижени дека овие мерки претставуваат сериозен ризик за развојот на нашата индустрија, за иновацијата и за креирање на работни места“.

Судбината на американскиот интернет ќе биде одредена деновиве.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments